Luge i mesta, TV Telma - Tome Petreski, izrabotuvac na narodni instrumenti

Опубликовано: 20 Декабрь 2015
на канале: ЛУЃЕ И МЕСТА - ТВ ТЕЛМА
11,769
94

Тој е Томе Петрески од Прилеп, изработувач на народни инструменти, верен на семејната традиција, на мајсторлукот за народни инструменти кои во неговото семејство ги изработувале над 200 години наназад. Во едни други времиња тој и неговиот татко изработувале гајди и кавали за големите мајстори на тие инструменти, продолжувајќи ја семејната традиција во овој занает пренесувана од колено на колено. Големиот Пеце Атанасовски свирел на гајда изработена од нивните раце. За жал, во овие времиња, егзистенцијата и намалениот интерес за народните инструменти го натерале тој да работи како таксист, но и да не се откаже од семејниот занает. Тоа е посилно од него.
"Луѓе и места" ТВ Телма, 2015
Автор: Јордан Дуков